Oppo N1 е првиот смартфон со ротирачка камера

Кинеската компанија Oppo долго време го подготвуваше новиот знаменосец Oppo N1 за кој се знаеше дека ќе се вмеша во трката на новите супер камера смартфони, но тоа што сите ги изненади е интересниот концепт на камера која ротира и може да ја насочите во било кој правец.

Камерата од 13 мегапиксели има CMOS сензор како и апаратура на леќите од f/2.0 додека пак чипот за обработка на светлината е дело на Fujitsu. Камерата ротира 200 степени и може истовремено да се користи како главна камера за слики и видеа и предна камера за видео повици и автопортрети.
Oppo N1 е одличен смартфон со огромен full HD IPS екран од 5.9 инчи со резолуција од 1080 x 1920 пиксели кој сериозно ќе му ги помати сметките на фаблетот Samsung Galaxy Note, но и на неодмна претставените камера смартфони Zony Xperia Z1, Nokia Lumia 1020 и Samsung Galaxy S4 Zoom.
Вториот привлечен детаљ е задниот контролен панел на допир, па на многу лесен начин може да допрете со прстите и служи за активирање на одреден број на комадни. Вакви сличен дизајн има и LG G2, но ова е сосема поинаков концепт. Oppo има и трет епитет кој го прави уникатен, а тоа дека овој смартфон е прв кој соработува со CyanоgenMod, односно кустомизираниот оперативен систем кој е базиран на верзијата на Android 4.2 Jelly Bean.
Хардверскиот дел исто така воодушевува со одличниот четири-јадрен Snapdragon 600 процесор со брзина од 1.7GHz, Adreno 320 графичка и 2GB RAM. Моќната машина ја одржува батеријата со капацитет од 3610mAh. Oppo N1 ќе биде пуштен во продажба за почеток во Кина по цена од 550 долари без склучен договор, а неговата интернационална промоција ќе следи во наредните месеци.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk.
- Реклама -