Скопје, 22 октомври 2022 (МИА) – Стан во зграда на булевар „АСНОМ“, на потегот меѓу хотел „Русија“ и хотел „Хилтон“ утринава е опожарен од плинска боца.
Според информации на известувачот на МИА од терен, пожарот е изгаснат и нема жртви.
Командантот во изјава за МИА информираше дека е интервенирано со пет противпожарни возила и 14 пожарникари.
Пожарот е пријавен во 9.40 часот.
Фото: МИА