oPhone- Првиот трансмитер на мирис преку интернет

Пренесувањето на мирисот преку вашиот мобилен уред е возможен, велат креаторите на oPhone.

 

Се сеќавате кога си замислувавме како би мирисало нешто што го гледаме на слика?

Првиот трансмитер на „миризлива порака“ низ Антлантикот преку интернет, oPhone е новиот уред за пренесување на мириси. Иновативниот систем на пораки ги придава мирисите избрани од палета од ароми на слики и ги праќа преку e-mail, Skype или социјалните медиуми.

Овој уред е презентиран во четвртокот во уметнички центар во Париз и беше примен од Американскиот музеј за природна историја во Њујорк, пишува Livescience.com. А како изгледа тоа, погледнете во видеото подолу.

- Реклама -