Светски познатата актерска ѕвезда преживеала уште една животна драма.
Таа откри дека минатата недела ѝ биле отстранети јајниците и јајцеводите.
Лекарите на Анџелина Џоли, кај познатата актерка детектирале потенцијална рана фаза на рак на јајниците и таа беше подложена на операција во која јајниците и јајцеводите ѝ се отстранети. Џоли буквално морала да донесе одлука преку ноќ, кога пред две недели ѝ пристигнале резултатите од крвта. Веќе од порано е познато дека Анџелина носи мутиран ген BRCA1 кој кај жените значително го зголемува ризикот од рак на дојка и рак на јајници, а тие видови на рак починале нејзините баба, мајка и тетка.
Џоли ова го открила во својата нова колумна која ја напишала за New York Times, исто како што во 2013 година во слична колумна открила дека се подложила на двојна мастектомија за да го спречи развојот на ракот на дојката.
„Поминував низ она што поминуваат илјадници други жени. Себе си реков дека мора да останам смиерана и силна и дека немам причина да мислам дека нема го дочекам растењето на моите деца или дека нема да ги запознаам моите внуци“, напишала Анџелина во колумната.
Кога ја донела таа одлука го повикала својот сопруг Бред Пит, кој во рок од неколку часа веќе бил во авион. „Најубавото нешто во вакви моменти на животот е таа јасност. Знаеш за што живееш и што е важно. Тоа е толку смирувачки“, напишала таа.