OpenAI го претстави првичниот ВИ-пребарувач “SearchGPT“

„Опен-АИ“ го претстави прототипот на својот пребарувач со вештачка интелигенција, наречен „Срч-ГПТ“ (SearchGPT), којшто има за цел да им даде „брзи и точни одговори со јасни и сигурни извори“ на корисниците.

„Сметаме дека има простор пребарувачите да станат подобри отколку што се денес“, напиша извршниот директор на компанијата, Сем Алтман, во објавата на „X“.

Компанијата посочи дека планира да ја интегрира алатката, којашто засега е во тест-период, со веќе популарниот „Чет-ГПТ“ четбот. „Опен-АИ“ ги охрабрува корисниците „да пребаруваат на поприроден и поинтуитивен начин“ и да поставуваат дополнителни прашања, исто како што „прават при разговор“.

Новиот пребарувач би можел да биде сериозна конкуренција за „Гугл“ и неговите вообичаено доминантни пребарувач, велат познавачите.

Прочитајте и:  Си: Вештачката интелигенција не смее да биде игра на богатите земји и луѓе
- Реклама -