„Опен-АИ“ се проширува на глобално ниво со четири нови канцеларии

Технолошката компанија „Опен-АИ“ со седиште во Калифорнија (САД), којашто е производител на „Чет-ГПТ“ генеративниот чет-бот со вештачка интелигенција, вчера соопшти дека го проширува своeтo присуство на светско ниво со четири нови канцеларии во Њујорк, Париз (Франција), Брисел (Белгија) и Сингапур.

Пуштањето на „Чет-ГПТ“ кон крајот на 2022 година „ја катапултираше“ американската фирма во средиштето на светското внимание. Претходно „Опен-АИ“ веќе отвори канцеларии во Лондон, Велика Британија и Даблин, Република Ирска.

Фирмата, инаку, неодамна доби и значајен паричен внос од инвеститори, како што се „Мајкрософт“ и „Енвидија“. Се собраа 6,6 милијарди долари во готовина со обезбедена кредитна линија од 4 милијарди долари на почетокот на овој месец. Со тоа, се проценува дека компанијата сега тежи вкупно 157 милијарди долари.

- Реклама -