Opel: Како се прават добри автомобилски седишта

1Бернд, Вернер, Оливер и Мариус од Opel се исполнети со ентузијазам од поставената задача – повеќекратен контакт во текот на испитувањата со страничните потпори на седиштата, симулација за седење и станување поврзана со постојано триење во кожениот тапацир…

2

Ова е задача која бара исклучителна упорност, неприкосновен однос и целосна концентрација на исполнувањето. Всушност Бернд, Вернер, Оливер и Мариус се роботи од одделот за испитување во тест лабораторија на Меѓународниот центар за технолошки развој ITDC на Opel (International Technical Development Center) во Риселсхајм. И поконкретно, тие претставуваат подвижни механички уреди со панели, со пенест слој и тапацирани со слична структура на фармерки, чие движење и триење симулира контактот на човековите задни делови и бутовите со седиштето.
„За нас тие се нешто повеќе од роботи – гледаме на нив како на целосно рамноправни, квалификувани членови на нашиот тим. Тие вршат важна функција и поради оваа причина имаат свои имиња“, вели Ендрју Лојхтман, виш директор во GME Interiors.

3

Екипата од роботи одржува симулации на влез и излез од автомобили по 50.000 пати секоја недела – тоа е еквивалентно на траењето на работниот век на еден автомобил. Седиштата premium ergonomic, како и другите производи на брендот, на ваков начин се стремат да добијат сертификат за одобрување на стручњаците од Aktion Gesunder Rücken e.V. (AGR) (Иницијатива за подобрување на здравјето на грбот) – независна германска организација од медицински експерти по ортопедија. Се разбира сериските интегрални комфорни седишта исто се предмет на овие испитувања. По одржувањето на тестовите инженерите можат да утврдат дали седиштата се во состојба да го издржат понатамошното оптоварување само од проверката на структурата на ткивото.

4„Нормално е бојата да избледе и по површината да има гребнатини, но најважно е пенастиот слој на дното да биде исправeн и структурата на ткивото да ја задржи својата стабилност,“ забележува специјалистот во областа на седиштата Лојхтман. Ако тоа не е така, луксузните и ергономски седишта кои Opel ги нуди за возачот и совозачот треба да бидат оптимизирани, за да издржат еден патен век, независно од тоа дали се инсталирани во Mokka, Cascada, Meriva, Zafira Tourer, Astra или Insignia.

5Од 2003 година наваму, брендот Opel претвора демократизацијата на модерните ергономски седишта во една од главните мисии и денес е еден од водечките масовни автомобилски производители во однос на бројот на понудените ергономски седишта со сертификат за одобрување од AGR.

6

Автоплус

- Реклама -