Опел Адам – урбана слобода на тркала

И сосем новиот Opel Adam веќе на стартот од својата продажба ќе пристигнува со уникатен систем за превоз на велосипеди FlexFix.

Адам на својата светска премиера на салонот во Париз (Mondial de l`Automobile), ќе потврди дека овој урбан модел ќе ја чини градската мобилност уште попријатна и поудобна. Посетителите на штандот на Опел ќе бидат воодушевени од системот за превоз на велосипед – конзола FlexFix, која се разбира ќе биде во понуда како опција.

Овој интелигентен уред, кој е ексклузивитет од Опел ќе им обезбедува на сопствениците на Адам можност да се интегрираат во градската мобилност, како зад управувачот  на автомобилот, така и на седиштето на велосипедот. Системот FlexFix го подобрува урбаниот приод, го прави полесен и поудобен за сопственикот на Адам. Тој може да се користи флексибилно и спонтано, во зависност од желбите, временските услови, сообраќајот и околината.

Адам ќе биде достапен во три вида или три „света“ на опрема, наречени ADAM JAM, ADAM GLAM и ADAM SLAM. Клиентите можат да напрват избор од повеќе внатрешни бои, декори и различни бои на таванот, како и други, инспирирани елементи од далеку поскапите модели.

Продажбата на новиот Opel Adam ќе стартува по светската премиера во Париз, а автомобилите ќе пристигнат кај дилерите на почетокот на 2013 година.

Носечкиот систем за велосипеди FlexFix на Opel веќе е достапен во различни верзии во гамата на брендот. Опел е единствената марка која нуди ваков, целосно интегриран систем.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -