Опасноста од антиперспирантите/дезодорансите и природни алтернативи за вашите пазуви

deodorant23.png Сакале или не, тоа е дел од нашата култура: луѓето воочуваат по мирисот. Затоа што природниот процес на ладење на телото вклучува потење, тоа е есенцијален дел од природното функционирање.

Сакале или не, тоа е дел од нашата култура: луѓето воочуваат по мирисот. Затоа што природниот процес на ладење на телото вклучува потење, тоа е есенцијален дел од природното функционирање.

Така, повеќето од нас користат дезодоранси, кои го неутрализираат мирисот на потта, или антиперспиранти, кои го минимизираат мирисот со тоа што ја блокираат потта да излезе преку порите во пазувите.на површината на кожата.

Повеќето конвенционални дезодоранси и антиперспиранти содржат повеќе состојки кои се поврзани со сериозни здравствени ефекти како Алцхајмеровата болест и опасни ракови. Со тоа што дезодорансите и антиперспирантите се дизајнирани да останат во нашите тела со часови, ова им овозможува на штетните хемикалии полесно да бидат апсорбирани преку кожата.


Психологија на потењето

sweat1.pngАпокрините жлезди се причина зошто потта под пазувите мириса појако од обичната пот која се лачи низ целото тело.

Постојат 2 типа на потни жлезди кои ја покриваат човековата кожа:

апокрини, кои се наоѓаат во пазувите, ушите, папокот, брадавиците и гениталните регии
и
екрини жлезди кои ја регулираат температурата на телото со тоа што лачат водена пот над кожата. Оваа пот брзо испарува, а наменета е да го лади телото.

Потта произведена од екрините жлезди не допринесува за миризбата на телото затоа што таквата пот не содржи супстанции кои се атрактивни за бактериите. Апокрината пот, од друга страна, содржи органски соединенија на кои лесно се населуваат бактерии, на површината на кожата. Ваквата бактериска активност ја произведува миризбата под пазувите.

Како функционираат антиперспирантите

deodorant1.pngАнтиперспирантите функционираат така што ги блокираат порите со алуминиумски јони, со што престанува лачењето на потта.

Неодамнешни студии за ефектот на алуминиумот и опасностите од употребата на антиперспиранти покажаа дека тој патува многу полесно во лимфниот систем кога пазувите се бричени. Алуминиумот производителите најчесто го наведуваат како: aluminum chlorohydrate, ammonium aluminum sulfate, potassium aluminum sulfate, aluminum zirconium tetrachlorohydrex gly.

Покрај алуминиум, повеќето антиперспиранти користат parabens, антимикробни агенси кои потекнуваат од toluen – токсичен петрохемиски дериват. Некои докази сугерираат дека постојаната изложеност на толуен може да доведе до хормонални пореметувања.

Тринаесет истражувања од 2000 година навака покажале дека разновидните типови на парабенс делуваат како естроген во живо ткиво. Естрогенот е познат и по тоа што ја поттикнува големината на клетките на ракот.

Некои луѓе со осетлива кожа имаат алергична реакција на парабенс, што резултура со состојба на кожата позната како контактен дерматит.

Антиперспирантите исто имаат и јаки соли кои содржат метали што причинуваат грануломи – мали топчиња на кожата под пазувите кои тераат на чешање.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Како функционираат дезодорансите

deodorant3.png– го неутрализираат мирисот на потта помешана со бактерии
– антисептична акција против бактериите

Дезодорансите се поздрави од антиперспирантите затоа што не се мешаат со потењето, но многу конвенционални марки содржат јаки, потенцијално токсични состојки кои би требало да ги избегнувате.

Состојките на дезодорансите се парабенс, сите форми на алуминиум, како и следните супстанци:

Propylene glycol: кожата лесно го прима, но се уште не е доволно истражен дали има канцероген потенцијал
Талк: Класифициран како канцероген од International Agency for Research on Cancer
Steareth-n:(каде n е број, да речеме 100) може да потекнува од зеленчук, но е процесиран со етилен оксид, познат причинител на рак кај луѓето
Triclosan: антибактеријална супстанца која ја има и во сапуните. Има способност да произведува отпорни бактерии.

Еколошко влијание на околината

drain1.pngСо миењето на дезодорансите и антиперспирантите, токсините се префрлаат во нашите одводи, а потоа и низ живеалиштата на многу животни и риби. Овие хемикалии тешко се разградуваат и потврдено е дека ги пореметуваат ендокрините системи на рибите, птиците и цицачите.

Од друга страна, процесот на минирање за алуминиумот кој се користи во антиперспирантите ја уништува природата, ја загадува водата и конзумира големи количества електрична енергија.

Според Лестер Браун(Eco-Economy: Building an Economy for the Earth), секоја година алуминиумската индустрија конзумира електрична енергија колку цела Африка.

Алтернативни опции

Сега, кога знаете кои се опасностите, на вас корисниците е да го изберете најдобриот продукт за вашето тело. Пред да купите дезодоранс, секогаш читајте ги состојките. Изберете дезодоранси со состојки како: растителен глицерин, јаглен, оцет, сода, екстракти од алги, зелен чај, aloe vera гел, есенцијални масла.

За да направите природен антиперспирант, земете сода бикарбона(sodium bicarbonate). Земете шише од користен антиперспирант, измијте го убаво и ставете половина(до една) кафена лажичка сода во него(содата е база, па повеќе сода би можело да ја иритира кожата). Потоа ставете 3/4 вода во шишенцето. Оставете содата да се разреди(таа нема комплетно да се раствори). Содата нема некој посебен мирис, па може и да додадете зелен чај, екстракти од алги, aloe vera гел или есенцијални масла.

Можеби ќе ви треба повеќе сода, можеби помалку, но тоа ќе го утврдите сами.

deodorant2.png
2710g.jpg

Овој метод на антиперспирант го тестираме веќе 2 месеци и немаме некои посебни забелешки. Нашите најблиски досега не се пожалиле на чудна миризба, што значи дека навистина функционира и топло им го препорачуваме на сите на кои здравјето им е на прво место.

- Реклама -