Опасен подвиг: По текот на реката Амазон

ed_amazon33-годишниот Ед Стафорд е на пат да стане првиот човек кој пропешачил по целиот тек на реката Амазаон, од нејзиниот извор во перуанските планини, па се до утоката во Бразил. Тој пешачи веќе 612 дена и се надева дека ќе го заврши своето патешествие во август.

33-годишниот Ед Стафорд е на пат да стане првиот човек кој пропешачил по целиот тек на реката Амазаон, од нејзиниот извор во перуанските планини, па се до утоката во Бразил. Тој пешачи веќе 612 дена и се надева дека ќе го заврши своето патешествие во август.

article-0-07747E85000005DC-63_634x420

Предизвиците со кој се соочува Ед Стафорд, поранешен офицер во британската армија, се монументални. Толку монументални, што истражувачот на Арктикот, Сер Ранулф Фајнс, му пиша за да го предупреди дека потфатот кој е пред него ќе биде тежок. Сфатете го тоа како некакво разборање или колегијално сочувство од некој кој порано си ги отсекол сопствените прсти откако му премрзнале.

Просечниот ден на Ед би бил убиствен за повеќето. Тргнува од зори за да пешачи и по осум часа. Во овој стадиум од патувањето тој ќе биде среќен ако за тие осум часа помине седум километри. Тој е во џунгла, вистинска џунгла, а таму секој чекор е придружен со силно замавнување со мачетата. Тоа е како да се пробивате низ најгустата жива ограда која можете да ја замислите во текот на целиот ден. Само што оваа „жива ограда“ е од растенија остри како жилет. Токму така, растенија толку остри што лесно би ја пресекле голата кожа. Огромни трња и боцки доволно остри да ја прободат невнимателно подадената рака, а тука се и отровните змии, смртоносни пајаци и стоногалки поголеми од половина метар, толку отровни што можат да ви направат големи меури на кожата само ако ве допрат. А да, тука се и големите мачки човекојадци. Поконкретно, јагуарите.

Температурата е 40 степени во сенка, влажноста е 100%, а водата е вистинска реткост бидејќи ова е сушен период. Во некои места, невозможно е за Ед да се движи во близина на реката, и може да биде принуден да се движи низ џунглата оддалечена речиси два километри низводно. Доколку има доволно среќа, Ед ќе наиде на некој извор или растенија кои можат да му ја изгаснат жедта. Ако не се случи тоа – тој ќе остане жеден. Откако ќе направи логор, собира дрва и доколку има вода, се мие. Понекогаш може да улови неколку пирани за да се најаде. Доколку нема таква среќа, останува гладен.

Дали Ед бил во блиска средба со смртта досега? Па, секој ден. На стемнување, тој се качува на мрежата за спиење со заштита од комарци. Тоа му е единственото прибежиште каде може да чита, пишува или да проба да спие, иако е принуден да зема апчиња за спиење, зошто и покрај заморот, заглушувачкиот звук на џунглата, зуењето на инсектите и криковите на мајмуните, птиците и другите животни, како и тепературата како во сауна, тој нема многу надеж дека ќе се одмори без нив.

Ед Стафорд вака живее, од ден на ден, веќе приближно две години, а и ќе продолжи така уште осум месеци. Доколку го заврши својот подвиг, тоа ќе биде огромно достигнување рамно на првото освојување на Еверест или Арктикот. Но Ед Стафорд не бил потикнат од надежта дека ќе стане славен или заради што добил многу пари за да го направи тоа. Не, тој го прави тоа само заради чувството за авантура, и заради чистото задоволство што го има од неа. [The REAL king of the jungle]

- Реклама -