Идејата можеби звучи малку морбидно, но еден погребник во Англија
започнал со емитување на погреби во живо на интернет. Тој се надева
дека со овој потег ќе ги зближи семејствата и пријателите во тешките
времиња.
Идејата можеби звучи малку морбидно, но еден погребник во Англија започнал со емитување на погреби во живо на интернет. Тој се надева дека со овој потег ќе ги зближи семејствата и пријателите во тешките времиња.
Идејата дошла кога 80-годишниот погребник решил да појде на курс за компјутери и го сфатил потенцијалот на интернетот. Сервисот засега е бесплатен, а постои корисничко име и лозинка со кои се гарантира приватноста.
„Постојат семејства кои се во странство и неможат да си го дозволат трошокот да присуствуваат на погреб, или пак немаат доволно време.“
Фирмата инсталирала мрежа на камери и микрофони во црквите кои се поврзани со погребниот дом, каде може да се видат лицата на сите во публиката.
Лично, мислиме дека е малку чудно да гледате погреб во еден прозор, додека во другиот куцате на Skype со пријателите.