Онлајн курс пред порoдување

Во ерата на дигиталните технологии и притисокот на времето, гинеколозите и акушерите создадоа онлајн курс за идните родители.

Периодот на бременоста и подготовката за мајчинството се голем предизвик  и за двајцата родители. Но статистиката покажува дека часовите за справување со бременоста и пораѓајот  се посетувани само од страна на 25 проценти  од жените и нивните партнери. Тоа ги  разочарало организаторите, според кои мајките навистина ги напуштаат часовите за породување и читаат многу информации на интернет. Така се родила идејата да се создаде онлајн курс на една од болниците во Њујорк.

Виртуелните лекции ќе им помогнат на идните мајки да ги асимилираат техниките за дишење за време на раѓање и релаксација за време на бременоста. Жените ќе добијат информации како да ја олеснат болката при раѓање, што е доењето, како и  што да очекуваат по раѓањето.

- Реклама -