Онлајн карта покажува кога двајца луѓе во светот се слушаат иста песна.
Најголемата платформа за онлајн слушање на музика во светот Spotify создаде карта која што покажува кога двајца нејзини членови ја слушаат истата песна, пишува VentureBeat. Поточно, условот е двајца корисници да започнат да ја слушаат истата песна во рамките на една десетина од секундата.
Како што се гледа на сликата, претплатник на Spotify во Велика Британија, и друг слушател во Штутгарт, Германија, уживаат независно еден од друг, но заедно, на песната на Blackmill “Spirit of Life”.
Картата, наречена Serendipity , визуелизира нови совпаѓања на секои неколку секунди, a песните звучат како позадина.
Сајтот е создаден од уметникот Кајл Мекдоналд, кој вели дека го направил, за да покаже како музиката ги обединува луѓето со сосема поинаков живот.
„Слушнав податок, според кој што во секој момент во авионите има вкупно половина милион луѓе, а тие заедно формираат нешто како град на небото”, посочува Мекдоналд. „Можеби Serendipity го покажува сличен начин бескрајниот музички фестивал во светот. Се надевам дека кога луѓето ја гледаат картата, добиваат чувство слично на чувството при слушање на музика со пријателите и ќе размислуваат како силата на музиката ги поврзува луѓето “.