ОН: Србија и Македонија ги пуштаат селективно мигрантите на своја територија

Србија и Македонија го ограничуваат преминувањето на мигранти на своја територија во зависност од нивната националност, велат од Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации (ОН).

0c57fa33-fcf8-48a8-82e3-73023293c21b-2060x1236

“Од средата попладне српските власти дозволуваат влегување во земјата само на бегалците кои доаѓаат од Авганистан, Сирија и Ирак “, изјави портпаролот на агенцијата.

Македонија пак ги пушта на својата територија само бегалците што доаѓаат од Грција а ги запира оние од Мароко, Шри Ланка, Судан, Либерија, Конго и Пакистан, додаде портпаролот.

Македонските и српските власти ја зајакнаа контролата на границите со тоа што започнаа да го намалуваат бројот на бегалци кои влегуваат на територијата, а од вчера истото започнаа да го прават и властите во Словенија.

- Реклама -