Најголем дел од фотографииве се направени од главниот официјален фотограф на Белата куќа – Пит Соуза. Се смета дека од 2009-та па наваму, Соуза сликнал околу 2 милиони фотографии од Обама. А во фото-албумот со наслов „Year in Photos“, Обама ќе го видите во секакво издание, и во сериозни, но и во несериозни моменти.
„Постои извесна тешкотија во мојата работа, но еднаш, двапати, трипати, четири, десет пати неделно ќе си речам: ‘Сфаќаш дека сведочиш историја, нели?’“, вели Соуза за NPR.
Во продолжение следуваат неговите омилени фотографии.