Омилената секс поза ги открива неговите намери

Доколку не те баш најсигурни во кој правец води вашата врска, време е да посветите малку повеќе внимание на сексот, како и на навиките на вашиот партнер.

Секс позата која тој најмногу ја сака може многу да каже за него. Доколку крај себе имате партнер кој ја сака мисионерската поза, голема е веројатноста дека станува збор за човек кој на многу традиционален начин го сфаќа животот, а со тоа и врската со вас.

Меѓутоа, мажите кои најмногу ја сакаат познатата „doggy style“ поза, се сосема поинакви момци. За нив е најважна добрата забава, и најчесто станува збор за понесериозни карактери.

Мажите кои сакаат кога жената се наоѓа над нив и кои обожаваат да и пружаат орално задоволство на својата партнерка, се особено добри партнери за во врска бидејќи според експертите, за нив е најважно задоволството и среќата на нивната љубена, како во сексот, така и за се останато.

Доколку сте забележале пак дека вашиот парнер најмногу се возбудува на разни улоги, игри и секс помагала во креветот, тогаш голема е веројатноста вашата врска со него да е чиста заблуда и фантазија.

- Реклама -