Се појави со Windows 3.0 во далечната 1990-та година, со потајна цел да го популаризира и промовира тогаш сè уште новиот концепт – компјутерскиот маус и функцијата „drag and drop“.
Оттогаш играта стана омилен метод на тeпaњe време во канцеларија и глумење дека нешто работите зад мониторот, а благодарение на популарноста на оперативниот систем Windows, денес ја има инсталирано на повеќе од милијарда компјутери низ светот.
Поради сите овие причини, релативно младата институција World Video Game Hall of Fame („Куќа на славните видеоигри“), основана во 2015-та, одлучи да ја смести Solitaire во друштвото на Dооm, Tetris, World of Warcraft и Legend od Zelda, како една од најпопуларните игри на сите времиња.
Притоа, играта задоволува неколку критериуми: распространетост, популарност без оглед на годината на излегување, како и влијанието врз другите игри или воопшто врз општеството.
Уште едно признание за Solitaire e тоа што Microsoft се обиде да ја пензионира во Windows 8.1, но во актуелната верзија ја врати во склоп на оперативниот систем, заедно со Hearts и Minesweeper, каде што впрочем и отсегаш ѝ било местото.