Сестрите Олсен доминираа на модните награди CFDA

Модните награди CFDA им се насмевнаа на близначките Мери Кејт и Ешли Олсен, кои ја добија наградата за најдобри дизајнерки на женска облека во 2012 година. Актерот Џони Деп ја доби титулата модна икона на годината.

Сепак, најголемо внимание никогаш не им се придава на добитните на наградите, туку на модните избори на сите гости. Годинава во најдобро облечени се вборјуваат сестрите Олсен, Зои Салдана и ангелите на Викторија, Кендис Свонпул и Дауцен Крус.

Салдана носеше долг црн фустан со тантела, дизајниран од Прабал Гурунг

Меѓу најлошо облечените, Е! online ги вбројува глумиците Дакота Фенинг, Кејт Босворт и Лили Колинс, кои одбраа навистина чудни и ексцентрични дизајни и шари.

Фенинг носеше фустан кој наликува на кимоно од брендот „Поенза шулер“ и металик плик-чанта

- Реклама -