Дефинитивно ни малку не е лесно да си родител на спортист. Уште помалку е лесно кога вашето дете се натпреварува на Олимписки игри…
Како сето тоа се доживува убаво демонстрираа родителите на американската гимнастичарка Александра Рајсман. Притисок, стрес веројано посилен и од оној кај нивната ќерка, па настапот пропратен со разно-разни вкусни и невкусни извици. На крајот убаво е кога ќе се заврши среќно.
{youtube}1Ide4AT6Wd8{/youtube}
Александра Рајсман е една од најдобрите гимнастичарки на САД и нивни најголем адут за освојување медал на Олимпијадата во Лондон.