Олгица Ѓоргиева ќе раскаже руска приказна на Модната недела во Скопје

Благородништво, нежност и авангардност! Овие епитети се инсипирацијата за новата модна колекција на докажаната македонска дизајнерка со несекојдневен вкус Олгица Ѓоргиева.

Како што објаснува Оглица, новата колекција ќе биде исполнета со голема доза на префинетост и нежност, одлики на благородничките жени, кои споени со модернизмот и авангардноста носат одличен производ кој љубителите на високата мода ексклузивно ќе го видат на Модната недела Скопје, Пролет Лето, Април .

IMAG0758

Темата на колекцијата “Руска приказна” автентично говори за карактерот на колекцијата, преку која Олгица ќе го доближи до македонските дами надалеку препознатливиот руски женствен изглед и стил.

skica (2)

 

Во ателјето на креаторката на големо се подготвува впечатливата колекцијата која според она што може да се погледне од скиците на моделите дефинитивно нема да остане не забележана.

IMAG0759

Засега Олгица открива дека се користени материјали од свила, тантела,кадифе,памук, вештачко крзно. Моделите ќе бидат збогатени со модни додатоци кои асоцираат на Русија и кои ја доволуваат потребната слика за колекцијата.
Останува да ја дочекамe колекцијата и уживаме во ревијата на Олгица Ѓорѓиева на 6 Април.

- Реклама -