Германскиот канцелар Олаф Шолц минатата година активно ја поддржа европската перспектива на Северна Македонија, изјавувајќи дека гласот за СДСМ, Ковачевски и Пендаровски е глас за европската иднина на земјата. Во видео-порака до македонските граѓани, тој нагласи дека има целосна доверба во македонското раководство и дека тие ќе ја водат земјата кон членство во Европската Унија.
Меѓутоа,помалку од една година подоцна,на 15 февруари оваа година,Шолц остро ја критикуваше вмешаноста на САД во германската политика,посочувајќи дека мешањето на Вашингтон во изборите во Германија е неприфатливо. Овој став на германскиот канцелар отвори прашања за неговата конзистентност во однос на странското влијание врз изборните процеси.
Во меѓувреме, Германија се соочува со зголемени политички тензии во пресрет на претстојните европски избори, додека во меѓународен контекст, односите меѓу Европа и САД се ставени на тест поради несогласувањата околу различни геополитички прашања, меѓу кои и поддршката за Украина.