Многу шпекулации се протнаа деновиве околу трансферот на Кутињо во Барса уште месецов , па да направиме сублимација.
Кутињо сѐ уште сака да направи трансфер во Барселона и тоа не е никаква тајна. Ливерпул сега, за разлика од минатото лето има омекнат став во однос на продажбата знаејќи дека не може да задржи несреќен играч во нивните редови на долг рок.
Сето ова не значи дека Ливерпул ќе го продаде Кутињо по било која цена и тоа овој месец. Шпекулациите дека Кутињо го информирал Клоп дека не сака повеќе да игра за Ливерпул не се точни. Во однос на евентуалната понуда од Барселона се шпекулира дека истата ќе биде во висина 133 милиони фунти и нема информација дали Ливерпул би бил задоволен од ваквата понуда.
Исто така се говори и за договор налик оној на Кеита, односно Ливерпул и Барселона да се договорат за трансферот месецов, а Фил да се пресели на Ноу Камп во сезоната 2018/2019.
ФСГ му понудиле на Фил нов енормен договор со неверојатна плата, бонуси, па дури некои шпекулации велат и постојано капитенство.
Навивачите на Ливерпул се свесни дека ни во лудило клубот не смее да го изгуби Кутињо во јануари.
Според Баскомб, одлуката за продажбата на Кутињо е исклучиво во рацете на Клоп, односно само тој одлучува дали Кутињо ќе биде продаден зимово.
Клубот исто така мора да “избоксува” повисока цена од шпекулираната, бидејќи Барса сакаше да плати 130 милиони евра минатото лето. На крај, до крајот на сезоната Ливерпул мора да има силна завршница и добар пласман во лига и во ЛШ за да се осигура дека ќе може да привлече екстра квалитетни играчи кои ќе го компензираат се поизвесното заминување на Кутињо.