Ограда – Приказна која значи животна мудрост

После оваа приказна, повнимателно ќе ги избирате зборовите и ќе внимавате на својот бес.

Си беше еднаш едно момче со многу лош карактер. Таткото на детето посакал да го научи една лекција, па му дал вреќа полна со шајки и му рекол: „Кога и да почувствуваш дека лошо се однесуваш, заковај  по една шајка во дрвената ограда“.

Првиот ден момчето заковало дури 37 шајки, било многу луто тој ден.

Кон почетокот на наредната седмица, започнал да го контролира својот темперамент, па бројот на заковани шајки започнал да се намалува.

Малку подоцна, момчето сфатило дека е полесно да го контролира својот бес, отколку да кова шајки.

По некое време, конечно дошол денот кога момчето заковало една шајка. Тој ден не бил лут, а татко му бил многу горд. Му предложил да вади секој ден од оградата по една шајка, за да го одржува бесот во нормала.

Неколку недели подоцна сите шајки од оградата биле извадени.

Таткото го фатил својот син за раката и го одвел до оградата.

– Горд сум на тебе, сине, но погледни ги сите тие дупки на оградата. Таа никогаш повеќе нема да биде иста, рекол таткото.

Детето внимателно го слушало.

– Кога ќе изговориш некои работи во бес, тие оставаат трајни лузни, баш како шајките на оградата. Без оглед на тоа колку пати ќе се извиниш, раните и понатаму ќе постојат, додал таткото.

Внимателно избирајте ги зборовите!

- Реклама -