Крадец од Heyuan се прослави на кинеските друштвени мрежи откако беше објавена снимка од неговиот „добар гест“ при обид да ограби една млада жена пред банкомат.
На снимката се гледа како крадецот ѝ приоѓа на жената од зад грб веднаш штом таа ќе ги извади парите, по што, незадоволен од сумата (2.500 јуани, околу 20.200 денари), бара таа да извади уште пари од сметката. Меѓутоа, кога исплашената жена му покажува дека тоа ѝ е сè што има на сметката, крадецот се сожалува и ѝ ги враќа парите, па си заминува со насмевка која како да говори „ај задржи ги, тебе ти требаат повеќе отколку мене“.
Многу од корисниците на друштвените мрежи се воодушевени од гестот, па го нарекоа „крадец со меко срце“ и „добар крадец“.
Добар или не, крадецот е јасно фатен на камерата од банкоматот, па набрзо е фатен и уапсен.