Што мислите кој поминува повеќе време пред огледалото, мажите или жените?
Неодамна спроведена анкета покажа дека мажите фрлаат поглед на сопствениот одраз 23 пати во денот, додека жените тоа го прават 16 пати.
Повеќе од 30 пати во текот на денот се огледуваат околу 11 проценти од мажите кои учевствувале во анкета спроведена во Велика Британија.
Жените кои учевствувале во истражувањето велат дека во текот на денот воглавно проверуваат дали им е шминката во ред, дали им се размачкал римелот, или имаат кармин на забите. Освен тоа, тие фрлаат поглед на оние зони од кои што не се задоволни, стомакот или колковите.
А мажите? Тие се восхитуваат самите на себе, а во текот на денот уживаат во сопствениот одраз. Најчесто ги „проверуваат“ деловите од телото од кои се особено задоволни: рацете и рамениците ( од нив се задоволни 76 проценти од мажите), нозете (54 проценти), насмевката (49 проценти), а со раката низ коса пред огледалото повеќе пати во денот поминуваат 38 проценти од мажите.