Стигна она доба од годината кога сопствениците треба да бидат реални со себе, да си признаат дека нивните миленичиња се грди, и да ги пријават на ваквиот натпревар.
Така, годинашниот победник е двегодишното куче по име Кикирики, чии испакнати очи, бушави влакна и ретки заби, не соодветствуваат со неговиот симпатичен карактер.
Иако Кикирики е сега здрав, неговата сопственичка Холи Чендлер од Гринвил открива дека кога бил мал претрпел тешки изгореници кои оставниле бели флеки по неговото тело.
Таа се надева дека Кикирики ќе ја подигне свеста кај луѓето кои ги злоставуваат животните, и воедно додала дека планира со наградата од 1.500 долари да ги плати ветеринарните сметки на други животни.
Ова натпреварување се одржува веќе 26 години во Калифорнија, а тројцата судии ги оценуваат милениците во неколку категории, вклучувајќи специјални или необични атрибути, личност и „природна грдост“.