Тоа што беше јасно уште пред три часа кога сите релевантни медиуми објавија дека е потпишан неверојатниот договор за вкупни 200 милиони евра по сезона, вечерва добива само официјализација.
Роналдо позираше со „седумката“ и со тоа ја завршува својата европска кариера каде испиша еден куп рекорди. Роналдо пред СП го раксина договорот со Манчестер јунајтед, шест месеци пред неговиот истек, а е екс-фудбалер на Спортинг Лисабон, Реал Мадрид и Јувентус.
Во Саудиска Арабија доаѓа како слободен играч и ќе игра до 2025 година.