Официјален кам-бек на BMW на македонската сцена

Во пресрет на свеченото отворање на импортерскиот центар на М Кар, новиот ексклузивен увозник на BMW и MINI за Македонија и Косово, одржа прес конференција, каде новинарите беа запознати со плановите и делувањето на компанијата на овие простори, пишува Автоплус.

М Кар е компанија која е авторизиран претставник на BMW Групацијата, Toyota, Mazda, Suzuki и Kia за Бугарија, која се шири и во Македонија, па во иднина ќе биде ексклузивен увозник за BMW и MINI и на овој дел од регионот. Спојувајќи ги своето досегашно искуство и новите стандарди на работење, компанијата е уверена дека ќе забележи успех во релансирањето и продажбата на овие премиум брендови на македонскиот пазар и дека ќе обезбеди сигурна и врвна пост-продажна поддршка на корисниците на BMW и MINI.

– М Кар, новиот увозник, ќе ги преземе целокупниот имот и постоечките работни простории на BMW и MINI во Скопје и ќе функционира преку нов менаџерски тим, современ пристап, свежа енергија и значително подобрен квалитет на грижа на корисници. Како што е познато компанијата ќе функционира во постоечкиот објект, изграден пред само неколку години, кој преставува современ импортерски центар со сите компоненти за непречено делување, почнувајќи од продажниот дел, преку администартивниот, па се до сервисот, лакирницата, одделот за резервни делови… Поседувајќи извонредна инфраструктура, придобивките кои доаѓаат од квалитетот на единствените BMW и MINI возила и работејќи со искусен и посветен тим, М Кар ќе цели кон задржување на највисоките стандарди на грижа и задоволство на своите корисници. Компанијата е цврсто посветена на повторно воспоставување на брендовите BMW и MINI на премиум позиција на пазарот, преку обезбедување на највисок квалитет на услуга и одржување на постојан фокус кон севкупните премиум стандарди на работа, истакна пред новинарите првиот човек на компанијата, Марко Јовановски.

Новиот импортер веќе на стартот ја покажа својата сериозност и на македонските потенцијални купувачи им овозможи да се запознаат со комплетната гама, како на BMW, така и на MINI. Со оглед на паузата од неколку години скоро сите остварувања на баварскиот производител се новина за македонската автомобилска сцена, тргнувајќи од најмалиот BMW 1, преку моделот  BMW Серија 2 Active Tourer, рестилизираната Серија 3, новата „четворка“, а според најавите наскоро ќе го видиме и предводникот во гамата, сосема новоразвиената генерација на BMW 7. Од кросоверските изданија има повеќе новини на кои од BMW се посебно горди, почнувајќи од Х4, потоа  Х5 и реновираната X6. Вистински бисер во оваа баварска ризница секако е новата генерација на BMW X1, која имаше своја светска премиера само неколку дена предходно на салонот за автомобили во Франкфурт, а веќе пристигна и кај нас! Со сите овие новитети пристигнуваат и најсовремените технологии кои се имплементираат во истите и за прв пат ќе бидат претставени кај нас, што секако ги издвојуваат баварските остварувања во премиум сегментот. Што се однесува до гамата на МINI, во понуда во салонот се моделот One и обновениот Countryman.

Она што посебно ќе ги интересира сопствениците на возилата кај нас е што се екипира сервисот, кој располага веќе со потребниот специјален алат за моделите кои пристигнаа, а има и проверен стручен кадар, кои веќе мина дел од обуките во Германија.

- Реклама -