Официјално: Баерн го потврди трансферот на Алкантара

Баерн Минхен го потврди трансферот на Тиаго Алкантара од Барселона, Баварците ќе платат 25 милиони евра за младиот фудбалер.

Баерн Минхен и Барселона постигнаа договор за трансферот на Тиаго Алкантара, 22-годишниот фудбалер ќе потпише четири годишен договор откако ќе ги помине медицинските тестови.

Баварците и официјално ја добија трката со Манчестер Јунајтед, Пеп Гвардиола беше оној кој го привлече Тиаго да се пресели на Алијанц Арената.

Трансфер договорот вклучува и одигрување на пријателски натпревар помеѓу двата тима кој треба да се случи до 2017 година.

„ФК Барселона и ФК Баерн Минхен постигнаа договор за трансферот на Тиаго Алкантара за сума од 25 милиони евра” – стои во соопштението на Баерн Минхен.

Прочитајте и:  Флик: Не треба да го обвинуваме судијата за поразот од Сосиедад, сите сме луѓе и грешиме

„Договорот вклучува и одигрување на пријателски натпревар помеѓу двата тима кој аќе се одигра во наредните четири години”.

„Во наредните денови, шпанскиот фудбалер ќе допатува во Минхен и откако ќе ги помине задолжителните медицински тестови ќе потпише договор до 30 јуни 2017 година”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -