По фотографиите од крштевката на британскиот принц Џорџ што во средата го преплавија светот, еве уште еден потсетник на овој кралски настан. Овој пат станува збор за официјалниот портрет на кралското семејство што го направи Џејсон Бел.
Двете семејства од сосема спротивни светови радосно позираат на фотографијата што го одбележува крстењето на принцот Џорџ. Секако , станува збор за кралското семејство и членовите на семејството Мидлтон.
Интересно е тоа што на фотографиите е забележан момент што не е виден во последните 119 години, а тоа е дека актуелниот владетел, Кралицата Елизабета позира со три генерации идни кралеви – Чарлс, Вилијам и најмладиот Џорџ.