Одземање на државјанството за сите екстремисти

Австралија усвои закон што треба да го усвои цел свет – да им се одземе државјанството на екстремистите кои вршеле терористички акти зад границата.

Австралискиот парламент  усвои закон со кој ќе ги лишува луѓето со двојна националност од државјанство, ако тие се обвинети за тероризам, или ако за нив е познато дека се бореле на страната на забранети групи зад граница.

Според јавниот обвинител Џорџ Брандис, Амандманот за австралиското државјанство, усвоен доцна вчерта, го осовременува постојниот закон, како одраз на “новата ера на тероризам”.

“Законот ќе ги лишува од австралиско државјанство луѓето со двојно државјанство, кои се вмешани во терористички активности зад граница или обвинети за тероризам во Австралија “, рече тој.

Прочитајте и:  Во Австралија нема да има потреба од давање на лични податоци на социјалните мрежи
- Реклама -