Проектот „Воведување и имплементирање на мерки за уредување на пазарите“ спроведува анкета за оценување на однесувањето на потрошувачите на мед и други пчелни производи.
Анкетниот прашалник се состои од вкупно 28 прашања, а во зависност од одговорите, прашалникот може да содржи најмалку 26 прашања. Ве молиме да одвоите 5-10 минути за пополнување на прашалникот.
Анкетата е анонимна, а резултатите ќе се користат исклучиво за исполнување на една од целите на проектот, а тоа е придонес во организирањето на домашниот вредносен синџир на мед и другите пчелни производи и негово прилагодување кон Заедничката земјоделска политика на Европската унија. Проектот е финансиран од Европската унија, а имплементиран од WE Global со конзорциумот, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.