Одредени се сите двојки за плејофот во Лигата на шампионите

По завршувањето на реванш натпреварите од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите, се утврдени сите двојки за плејофот.

Партиите се следните:

– Ренџерс (Шкотска) – Клуб Бриж (Белгија)
– Фенербахче (Турција) – Бенфика (Португалија)
– Црвена ѕвезда (Србија) – Пафос (Кипар)
– Ференцварош (Унгарија) – Карабах (Азербејџан)
– Базел (Швајцарија) – Копенхаген (Данска)
– Бодо-Глимт (Норвешка) – Штурм (Австрија)
– Селтик (Шкотска) – Каират (Казахстан)

Првите натпревари ќе се одржат на 19 и 20 август, додека реваншите се закажани за 26 и 27 август. Победниците од овие двобои ќе обезбедат место во Лигата на шампионите.