Иако изгледа привлечно на црвениот тепих- ги налути гледачите со своите коментари!
Клои Кардашијаан се најде на мета на лути коментари на социјалните мрежи, а причината за тоа е нејзината улога на коментаторка на каналот Е!. Поточно, овој пат членката на семејството Кардашијан посакала да види како е да се биде пред малите крани, но како водителка.
На многумина им засмета што неискусната Клои никако не можела да се вклопи во веќе добро координираниот тим на новинари- Џулијана Ренсик, Рајан Сикрест, Кели Озборн и Рос Метјус. Славните новинарски имиња го следеа доаѓањето на познатите личности на црвениот тепих на доделувањето на Оскарите, а Клои имала малку непријатни коментари кои ги налутила гледачите.
Иако излгедала привлечно во црвениот фустан, многумина коментирале дека не заслужува да биде на престижната позиција на коментатор за таква свеченост и дека на тоа место дошла исклучиво со тоа што реалното шоу за семејството Кардашијан е на ист канал.
Ова се дел од коментарите од лутите гледачи:
„Клои Кардашијан вели дека работите изгледаат ефтино. Не знам дали треба да се смеам на иронијата или да се воодушевувам на нејзиното знаење“, напишала на Твитер една гледачка.
„Замолчи Клои! Дали таа навистина го критикува фустанот на Лупита?“
„Гајле ми е што мисли Клои за фустанот на Лупита! Зошто е таа воопшто тука?“
„Дочекавме „машкуданката“ Клои Кардашијан со здрвен став и структура на мечка да го навреди фустнот на Лупита!“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.