„Одмрзнете“ го вашиот компјутер со AntiFreeze

Повеќе... Навистина е иритирачко искуство кога работите нешто на компјутер и одеднаш сè се замрзнува и престанува да функционира. Понекогаш за тоа е виновна некоја од апликациите која последно сте ја отвориле, а понекогаш некоја програма која што работи во позадина. Во тој случај можете да го отворите Task Manager-от, но со тоа повторно активирате нова апликација, или, пак, можете да го пробате AntiFreeze.


Навистина е иритирачко искуство кога работите нешто на компјутер и
одеднаш сè се замрзнува и престанува да функционира. Понекогаш за тоа е
виновна некоја од апликациите која последно сте ја отвориле, а
понекогаш некоја програма која што работи во позадина. Во тој случај
можете да го отворите Task Manager-от, но со тоа повторно активирате
нова апликација, или, пак, можете да го пробате AntiFreeze.

antifreeze_screen.gif

AntiFreeze е апликација која функционира во позадина и која ве чека да ја активирате во моментот кога ви е потребна. Кога компјутерот ви е безнадежно „замрзнат“ така што и Task Manager не се отвора, можете да го активирате AntiFreeze или преку таскбарот или преку копчињата на тастатурата (ALT+CTRL+WIN+HOME), за веднаш да ги паузира апликациите и да ви се отвори прозорец каде можете да ги исклучувате една по една (или да ги оставите функционални) се додека не стигнете до онаа проблематичната поради која дошло до замрзнување. Така не мора да изгубите некој незачуван податок врз кој сте работеле. AntiFreeze може да се преземе бесплатно тука.

- Реклама -