Компанијата Orbital Technologies има големи планови во вселена, 349 километри над Земјата. Заборавете на одморите на море – во иднината сите ќе одат на одмор на Комерцијалната Вселенска Станица создадена од Orbital Technologies (под услов да биде направена). Гостите на вселенскиот хотел ќе имаат пристап до ѕвездите преку руските Сојуз ракети.
За пет дневен престој на КВС се потребни само 164.000 долари. Но стигнувањето до станицата и враќањето на Земјата ќе биде малку поскапо, вкупната цена на одморот би требало да биде некаде околу 511.000 долари. Секоја соба може да смести до седум гости (сместени во вреќи за спиење бидејќи поради малата гравитација креветите се непрактични). Станицата исто така содржи микробранова печка, фрижидер, туш кабина и воздушен тоалет. Од Orbital Technologies велат дека се надеваат дека станицата ќе биде готова за само пет години.