Одложена е премиерата за „jOBS“

Филмската биографија за основачот на „Apple“, со Ештон Качер во главната улога, нема да пристигне во кино салите како што беше најавувано.

Имено, филмот „jOBS“, требаше премиерно да биде прикажан во американските кина на 19 април, во исто време како и прославата за 37 годишнината на „Apple“, но според најновите сознанија, датумот е поместен, а новиот е се уште непознат.

Сепак, причината е јасна. Имено, „Five star films“ и дистрибутерите „Open road“, сметале дека нема доволно голем интерес и еуфорија за филмот, па решиле да поработат на тоа пред да го лансират во кината ширум светот.

Филмот „jOBS“ беше прикажан пред неколку месеци на фестивалот „Sundance“. Режиран е од страна на Џошуа Мајкл Стерн, а во меѓувреме, Арон Соркин пишува уште еден филм за Стив Џобс, кој ќе биде заснован на авторизираната биографија на Волтер Ајзаксон.

- Реклама -