Одлични вести за Шумахер: Го развесели светот со вестите за неговото здравје

Сабина Кехм, портпарол на Михаел Шумахер, откри како здравствената состојба на седумкратниот светски првак во Формула 1 и понатаму се подобрува.

Кехм во јавноста се обрати преку видео интервју, во кое изјави: „Драго ни е што можеме да кажеме дека неговото здравје и понатаму се опоравува, а ова го велам земајќи ја предвид тежината на повредите кои ги имаше. Секако дека уште долго ќе трае борбата за сите негови блиски, но среќни сме што и тој е со нас заедно во оваа борба“.

Кехм го изјави ова денес во рамки на промоцијата на спонзорите. Изминатата седмица беше претставен неговиот скапоцен часовник во чие дизајнирање помагаше и самиот Шумахер.

Прочитајте и:  Нутриционист откри што се случува кога пиеме кафе на празен стомак

Од неговата повреда до денес, изминаа 17 месеци.

- Реклама -