Сезоната за отворени чевли штотуку не започнала, а распуканите и сувите пети не е нешто што сакате да го покажете.
Во повеќето продавници ќе најдете многу различни производи кои ветуваат дека ќе го решат проблемот, но неретко се само разочарувања, а потрагата по вистинскиот продукт може да не чини цело богатство.
Нозете не произведуваат природни масла, наместо тоа се потпираат на потните жлезди кои ги влажнат и оддржуваат меки. Постојат неколку работи кои го спречуваат телото да го прави тоа, а тоа се дијабетес, проблеми со тироидната жлезда, било која хронична болест на кожата, оток и стареење. Исто така, може да биде предизвикано од бактерии, недостаток на витамини, прекумерна изложеност на вода, несоодветни чевли, и слаба циркулација.
Постојат неколку домашни препарати кои можете да ги пробате. Состојките ќе ги најдете во вашата кујна.
Домашни лекови кои треба да ги пробате?
– лажица бел оцет во 8 литри топла вода
– пола лажица сода бикарбона во 4 литри топла вода
– 4 до 8 литри топла вода со неколку капки масло од чајно дрво (ова е особено добро за бактериите и габите)
– 4 до 8 литри топла вода со 2-3 супени лажици сок од лимон
Со сите четири понудени варијанти постапката е иста. Еднаш неделно стопалата држете ги во мешавината од 30 до 45 минути, а потоа исплакнете ги, исушете, нанесете хидратантна крема и облечете памучни чорапи.
Наместо стандардните лосиони можете стопалата да ги намачкате со маслиово масло, кокосово масло, вазелин, или било кое масло за јадење. Секогаш по третманот облечете памучни чорапи, бидејќи памукот дозволува нозете да дишат.