Одлична можност за сите претпријатија во Р. Македонија

Отсега Ми-Да Гранд Моторс нуди можност сите правни субјекти во Р.Македонија да го обноват возниот парк со нова палета на комерцијални возила на Форд по најповолни услови на финансирање и комплетно покриени трошоци за сервисирање и одржување во периодот на отплата.
„По долгогодишнo искуство во работата и темелна анализа на пазарот во соработка со „S-Leasing“ успеавме да создадеме конкретна понуда, скроена според потребите на бизнисите во Македонија“, изјави директорката за флотна продажба, Татјана Перишиќ.

Новата комерцијална програма на Форд нуди голем избор на габарити и носивости поткрепени со нова генерација на економични дизел агрегати. Палетата содржи технолошки иновации кои за првпат во светот се имплементирани кај комерцијалните возила од овој тип и кои придонесоа за големиот број награди и признанија во светски рамки.

hero-cvsrange2014b

Понудата се однесува за комерцијалната програма каде преку финансиски лизинг возилата се отплаќаат на 24 фиксни рати со 8% каматна стапка, со 0% учеството и 0% трошоци за обработка на податоци. Дополнителниот бенефит за клиентите, покрај двегодишната гаранција и 24 часовната поддршка на пат низ цела Европа, се и покриените сервисни трошоци од кој било тип во времетраење на финансирањето. Ова им овозможува на препријатијата да избегнат какви било дополнителни трошоци за возилата во времетраење на отплатата.

„Целта преку овој метод на финансирање е на клиентите да им овозможиме да ја започнат отплатата користејќи средства веќе генерирани со помош на самите возила, додека единствените трошоци што би ги имале сопствениците би биле за гориво и пневматици.”

Независно што оваа понуда е валидна до крајот на 2014 година, новиот пристап на Форд кон комерцијалната програма овозможува флексибилност и низа други варијанти на финансирање според потребата на клиентите.

 

780x550-commercials

- Реклама -