Odgovori.mk: Дознајте сè што ве интересира и споделете го вашето знаење

odgovorimk_p1.jpg Интернетот може да се користи за разни цели, но и покрај тоа, често ги занемаруваме можностите за ползување значајни придобивки од него. Новиот македонски веб-сајт Odgovori.mk нуди свеж и интересен концепт за меѓусебно помагање помеѓу корисниците. Тој користи многу едноставен концепт за размена на информации, знаења и искуства помеѓу неговите корисници, преку систем на поставување конкретни прашања и очекување нивни одговори.


Интернетот може да се користи за разни цели, но и покрај тоа, често ги занемаруваме можностите за ползување значајни придобивки од него. Новиот македонски веб-сајт Odgovori.mk нуди свеж и интересен концепт за меѓусебно помагање помеѓу корисниците. Тој користи многу едноставен концепт за размена на информации, знаења и искуства помеѓу неговите корисници, преку систем на поставување конкретни прашања и очекување нивни одговори.

odgovori-mk1.jpg

На оваа страница, самите корисници прашуваат и одговараат, односно допринесуваат во развојот на самиот веб-сајт и достапните информации кои се наоѓаат на него.

Доколку имате нешто да прашате од полето на науката, политиката, технологијата или некоја друга област, регистрирајте се, поставете го прашањето и почекајте да добиете помош, насока или некаква друга корисна информација во прилог на вашето прашање од страна на останатите корисници.

Прашањата се сместуваат во соодветни категории, а истите можат да бидат проследени со повеќе одговори од различни корисници. Квалитетните одговори добиваат повеќе видливост благодарение на едноставниот систем за позитивно гласање. Спротивно, лошите, неточни, навредливи и други несоодветни одговори благодарение на негативни гласови можат да бидат полесно воочени и отстранети.   виа Веб-сајт на денот

- Реклама -