Одговорени најчестите машки прашања за женските гради

Јасно е, мажите се луди по женските гради и сакаат да знаат се за нив. Прашања има мал милион, а научниците собраа неколку од нив и ни ги презентираа одговорите:

 

ЧУВСТВИТЕЛНОСТА НА БРАДАВИЦИТЕ

Неретко, после сексот, на жените баш и не им е пријатен допирот на брадавиците, бидејќи во тој миг, им се пречувствителни. При кулминацијата на сексуалното возбудување, најизразената ерогена зона се полни со крв, па оттаму и станува пречувствителна на допир.

 

ГОЛЕМИНАТА НА БРАДАВИЦИТЕ

Некои од жените имаат (многу) големи, а некои (многу) мали, но сето тоа е нормално. Тие се како отпечатоците на прстот – не постојат две потполно исти. Со оглед на тоа дека големината на брадавиците и на ареолата (различно обоеното ткиво околу нив) зависат пред се од големината на градите, може да се рече дека е наследна. Сепак, на големината на градите, а со тоа и брадавиците, влијаат и возраста, исхраната, бременост, менструација и вкупната телесна тежина.

 

ВОВЛЕЧЕНИ БРАДАВИЦИ

Исто како што некои луѓе имаат вовлечен, а некои испакнат пупак, така и жените имаат вовлечени или испупчени брадавици. Тоа е сосема нормално и нема никакво влијание на способноста да реагираат на стимулација и возбудување.

Fashion-Bamboo-100-Cotton-Women-bust-Push-Up-Yoga-Sports-font-b-Bra-b-font-Tank[1]

КОЛКУ СЕ ТЕШКИ?

Колку се тешки просечните женски гради? Се разбира, тежината зависи, пред се, од нивната големина, но и од количината на масно и густо ткиво во дојката. Така, просечната тежина на градите се движи околу 650 грама, за типичните големини B и C.

 

ГОЛЕМИ И МАЛИ

Ги привлекуваат ли мажите големи гради повеќе од оние просечно големите? Делумно, да, веројатно заради еволуцијата и природата на цицачите, бидејќи градите не асоцираат на хранење. Сепак, големината не е одлучувачкиот фактор – мажите се повеќе заинтересирани за општиот изглед на женското тело, и пред се, пропорционалноста.

 

ГРУБОСТИ И НЕЖНОСТИ

Некои жени сакаат погруби допири по градите, а за некои тоа е одбивно и преферираат повеќе нежност. Секако, чувствителноста на градите варира од жена до жена, исто како што варира и чувствителноста на стапалата и прагот на толеранција на болка. Дополнително, ако една жена еднаш ужива во погруба игра со градите, не значи дека тоа ќе биде случај и следниот ден. Битен фактор кој постојано влијае на перцепцијата на уживањето, но и на болката, е менструалниот циклус.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

 

ОРГАЗАМ – САМО ПРЕКУ ГРАДИТЕ?

Дали е навистина можно една жена да доживее оргазам единствено преку милување на нејзините гради? Да, можно е – едногласни се научниците. Сепак, ова е случај само кај мал процент од жените, а научниците сеуште го истражуваат феноменот. Вистинската причина не е позната, но се претпоставува дека при стимулацијата на брадавиците, во мозокот се активираат истите области како и при стимулацијата на вагината и клиторисот.

in bed

ОПУШТЕНИ ГРАДИ

По одредена возраст, дури и да немаат деца и да не доеле, женските гради по малку се опуштаат. Тоа зависи од низа фактори, но најновите истражувања покажуваат дека доењето не е еден од нив и речиси воопшто не влијае на намалувањето на цврстината. Влијание имаат годините, хормоните, бременоста и генетиката.

 

СИЛИКОНИ И ЧУВСТВИТЕЛНОСТ

Често машко прашање е дали жените што имаат импланти ја задржуваат чувствителноста на градите. Научниците предупредуваат дека било каква операција може да предизвика оштетување на нервите. Некои од жените признаваат дека по козметичките зафати ја изгубиле чувствителноста, особено во регионот на брадавиците. Од друга страна, има жени што тврдат дека со имплантите уште повеќе уживаат во допирот.

 

ЛЕВА =/= ДЕСНА?

Познато е дека големината на двете гради е различна, без разлика колку мала е разликата. Но, може ли едната да е почуствителна од другата? Да, и не само што е можно, туку е и вообичаена појава. Бонус поени добиваат мажите што ќе научат која е почувствителната кај нивната партнерка, а ако не сте сигурни, најдобро е да прашате. Инаку, генерално, најчесто е тоа левата.

- Реклама -