Одгледувајте кромид и сечете го без солзи

kromid.jpg Кој може да си замисли салата без кромид? Или пиво без поховани прстени од кромид? Кога веќе можете да ги имате зошто би си го замислувале животот без нив? Продолжете да читате за да откриете како да одгледувате кромид во својата градина (евтина органска храна!), како и тоа како да сецкате кромид без да се расплачете. И за крај неколку рецепти со… кромид!


Кој
може да си замисли салата без кромид? Или пиво без поховани прстени од
кромид? Кога веќе можете да ги имате зошто би си го замислувале животот
без нив? Продолжете да читате за да откриете како да одгледувате кромид
во sechenje_kromid.jpgсвојата градина – евтина органска храна, како и тоа како да сецкате
кромид без да се расплачете. И за крај неколку рецепти со… кромид!

При сечењето кромидот испушта ензими кои ги разложуваат сулфурните соединенија на оксиди и киселини, кои пак формираат гас што кога ќе се измеша со солзите во окото формира сулфурна кислеина која не` расплакува. Концентрацијата на овој гас е повисока на крајот каде се наоѓа коренот на кромидот, но не е доволно само да го исечете ова парче.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Еден од најдобрите совети на оваа тема е да запалите свеќа (или две) во близина на даската за сечење. Пламенот го одвлекува гасот и ве поштедува од солзи.sadenje_kromid.jpg

Уште еден начин е да го ставите кромидот во ладилник на 10-15 минути – со ладењето ќе се спречи поголемо испарување.

Ако немате свеќа при рака, ниту имате време за ладење, тогаш излупете го кромидот и неколку секунди држете го под млаз вода пред да го исечете.

Овде ќе дознаете како да одгледувате кромид во вашата градина, а кога ќе си имате органска храна штета е да не пробате некој нов рецепт со кромид.

- Реклама -