На почетокот од оваа година, Pirate Bay на својата страна постави бројач кој што започна да одбројува до 1 февруари, односно до датумот за кој се претпоставуваше дека страната повторно ќе биде активна.
Се чини дека претпоставките биле точни, бидејќи најпопуларниот сервис за пребарување на торенти од денеска повторно е онлајн. На страната, на која, многу симболично стои слика од феникс, се е речиси исто, но се уште не постојат линкови за “Contact Us”, “RSS” i “Register”.
Pirate Bay беше срушен на 9. декември, а само две недели после настанот, доменот повторно беше активен. Популарната торент страна IsoHunt потоа го разбуди згаснатиот пиратски брод на нова адреса и во малку променето издание.
Pirate Bay беше срушена од страна на шведската полиција, а во рацијата беа запленети серверите. Нешто малку пред тие настани беа уапсени и затворени двајца од тројцата основачи на популарната страна. По рушењето, претседателот на берлинската Пиратска странка, Бруно Крам, изјави дека Pirate Bay ќе пронајде начин да функционира, колку пати и да се обидуваат да ја отстранат од интернет светот:
„ Секој пат кога ќе ја изгаснете Pirate Bay, ние ќе се размножуваме“.