Одбраната на Samsung: Вие први украдовте!

Apple помина цела недала во методично градење на својата тужба против Samsung за кражба на патенти и регистрирани елементи за дизајнот на смартфони и таблети.

Нивниот случај изгледаше доста убедлив за лаиците, но сепак зависи од стручњаците од правниот систем. Сега Samsung одговори со брилијантна одбрана: „Всушност, Apple ги украде патентите од нас.“

Во понеделникот Samsung се обиде да го отфрли тврдењето на Apple за кражба на технологијата за зумирање. Како? Тврдејќи дека таа технологија веќе постоела на чуден Mitsubishi производ наречен Diamond Touch, како што може да се види од оваа демонстрација од 2008 година.

{youtube}EwRjb4fNWAI{/youtube}

Очигледно е дека Diamond Touch е во основа дисплеј проектиран на голема маса кој можете да го манипулирате на неколку начини со допир. Еден од гестовите потсетува на оној за зумирање. Но се чини дека аргументот на Samsung се базира на нешто што не постои. Технологијата на Apple постоела во облик на концепт на други места и Apple не може да ја присвои.

Проблемот е што прашањето се фокусира на специфичните имплементаци кои Apple ги има за таа технологија и – она што важи во судот – интелектуалната сопственост. [Apple Samsung lawsuit update: You stole it first, says Samsung regarding pinch-to-zoom technology]

- Реклама -