Одбојкарките на Македонија до 20 години претрпеа пораз од Романија на стартот на Зонските квалификации.

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години претрпе пораз од Романија со резултат 0:3 (17:25, 20:25, 16:25). Овој натпревар се одигра во рамките на групата А, како дел од БВА Зонските квалификации за Европското првенство 2027, што се одржуваат во Мостар, Босна и Херцеговина.

Во второто коло, Македонија ќе има можност да се соочи со Белорусија, а натпреварот е закажан за 14:30 часот.