Одбиле да му продадат водка на 92-годишник бидејќи не бил полнолетен

92-годишниот воен ветеран од Британија, Тони Бол, можеби изгледа помлад за неговите години, но да не му даваат да купи алкохол? Младата продавачка во една од синџирот продавници на Tesco одбила да му продаде водка, бидејќи немал лична карта!

Кога касиерката побарала да потврди дека има 18 години и е полнолетен, во прв момент, Тони бил изненаден, а веднаш потоа слатко се изнасмеал, мислејќи дека се работи за шега. Но, сериозниот израз на лицето на продавачката говорел нешто друго. На прашањето „Дали си сериозна?“, следел одговорот „Не смееме да ви продадеме алкохол ако не сте полнолетни.“ Фино и културно, Тони и порачал на компанијата да си ги стави своите производи во задникот и си заминал од продавницата.

tesco1

Во обид да ја ублажи ситуацијата, менаџерот на Tesco во Фелтхем, западен Лондон, изјавил дека вработената и порано се „шегувала“ на истиот начин. „Нашите колеги се секогаш расположени за шега, но мило ни е што токму оваа не наишла на разбирање и кај остатокот од персоналот. Се извинивме и уште ги чуваме шишињата водка за Г-ин Бол, во случај да реши да намине и да ги подигне“.

- Реклама -