Одберете диета според хороскопскиот знак

Постојат премногу, а се одлучуваме најмногу за оние кои ни изгледаат како најефикасни. Сепак, дали сте знаеле дека изборот на диета можете да го одредите и според вашиот хороскопски знак?

Овен – Аткинсова диета

Сакате да комбинирате фитнес со диета, а Аткинсовата диета ви овозможува токму таква сила. Доколку се одлучите за диета, подгответе се за напорен труд и работа. Основите се упорни, па Аткинсовата диета која се заснова на посебен прехрамбен режим и задолжителното вежбање би можела да биде вистински избор за вас.

Бик – Периконе диета

Сакате благо, па за вас е најважно да го намалите внесувањето на шеќер и тоа во секаков облик. Со оглед на тоа што со вашиот знак владее Венера, за вас е најпогодна Периконе диетата, која се справува со ограничувањето на шеќерот и јаглените хидрати.

Близнаци – Диета во друштво

Тоа накратко значи дека ви одговара било која диета или фитнес режим кој го вклучува друштвото, односно кругот на пријатели со кои заедно ќе влезете во едно ново прехрамбено искуство. Само напред и не се откажувајте брзо.

1346552007516bc89181928260498118_w640

Рак – Зелена диета

Вие сте до некаде алтрустично настроени и сакате да водите грижа за другите, па обично ви преостанува малку време за себе. Затоа, потребна ви е диета, односно исхрана, која брзо се приготвува. Зелената диета за вас е одлична поради намирниците кои не бараат комплицирана подготовка, но не заборавајте го и внесувањето на протеини во организмот кои ќе ви донесат поголема енергија.

Лав – Брза диета

Вие сте огнен знак, па и не сте многу трпелива личност. Сакате брзи резултати, бидејќи сте суетни па мислите дека за вас не важат правилата кои важат за останатите луѓе. Тргнете на одбрана брза диета, но и после нејзиното завршување обидете се да го контролирате вашиот прехрамбен режим за да не би доживеале јо-јо ефект.

Девица – South Beach

Јадете помали оброци во текот на денот, но, доколку сте навикнати да ги прескокнувате оброците, бидејќи и диетата како и се останато ја сфаќате педантно, ќе мора да внимавате на вашето здравје. Оваа диета е добра за вас бидејќи ви е гарантирано внесувањето на здрави намирници, а доколку имате и сакате да си посветите време на себе, нема да имате проблем со подготовките на оброците.

Вага – Зона диета

За вас важи правилото дека сте неодлучни, но тоа сигурно не се однесува на храната. Тука ќе бидете значително одлучни во вашата умереност. Зона диетата се темели на избалансираното и урамнотежено внесување на намирниците: 40% јаглени хидрати, 30% протеини и 30% маснотии.

1298085214516bc8a5e26a0241904611_w640

Скорпија – Сонома диета

Телото знае да ја препознае диетата што најмногу му одговара. Вие сте хедонист особено кога храната е во прашање. Не сакате да се воздржувате од ништо, па поради тоа изберете ја Сонома диетата која нуди рамнотежа меѓу гурманските задоволства и здравата храна. Почнете да ги броите калориите.

Стрелец – Месна диета

Вие сте многу активна личност и затоа ви треба диета што ќе ви даде енергија за сите активности. Поради тоа месната диета е одичен избор.

Јарец – Лимонова диета

Вие сте упорни, организирани и доследни. Со лимоновата диета ќе добиете доволно енергија за работа, но ќе ја направите и потребната детоксикација на организмот. Припадниците на овој знак претежно се придружуваат на правилата на диетата.

lemonade-diet

Водолија – Диета од три дена

Сѐ ви е јасно – ви треба брза диета и што е можно пократка. Најчесто сте на диета пред некој важен настан, кога сакате да заблескате или да ве соберат панталоните или фустанот кои долго време не сте ги носеле.

Риби – Медицинска диета

На чувствителните и сензибилните Риби им е потребна диета која ќе им овозможи духовна храна. Поради тоа што во стресни ситуации утехата ја барате во храна, ви треба режим кој ќе ви го зајакне нервниот систем за да паднете во депресија. Затоа јадете здраво и бидете насмеани.

- Реклама -