Од денеска почнува зимското сметање на времето, односно стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час поназад.
Владата одлучи да остане досегашниот систем на сметање на времето откако Министерството за економија беше задолжено и анализираше дали евентуалното останување на летното сметање на времето може да придонесе за поголема заштеда на електрична и топлинска енергија, меѓутоа анализата, според министерството, покажа дека останување на летното сметање уште повеќе ќе ја зголеми потрошувачката.
Инаку, зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.