Од утре па до 3-ти септември: Планирајте си застои на „Партизанска“

Од утре, 14.08.2018 година (вторник) до 3.09.2018 година, поради геодетски мерења и вадење кернови од страна на Геинг (Друштво за градежништво, промет и услуги), на потегот на булевар „Партизански одреди“ од раскрсницата со булевар „8-ми Септември“ до мостот „Обединети нации“ можно е забавување на протокот на јавниот превоз.

Автобусите и автобуските постојки ќе сообраќаат/функционираат вообичаено, но извесно е дека се можни одредени застои поради условите на терен“, известуваат од ЈСП.

Од ЈСП ги замолуваат патниците да имаат трпение и се надеваат на разбирање, стои во соопштението.

 

- Реклама -